Медведев го потпишал изменетиот закон за одбрана

Рускиот претседател Дмитри Медведев ги потпишал измените на законот за одбрана со кој се овозможува да се праќаат руски војници надвор од земјата и да учествуваат во спречување на агресија против друга држава, доколку е потребно да се заштитата руските граѓани кои живеат во друга земја, да учествуваат во одбрана на руски бродови и да се борат против пиратеријата. Според претходниот закон, рускиот претседател можеше само да испрати војници во странство да се борат против тероризам или поради причини поврзани со меѓународни договори. Рускиот парламент го донесе законот во октомври.