Кина сака Африка да биде економски независна

Кинеските инвестиции во Африка и економската помош се за да се направи Африка економски независна., изјавил кинескиот министер за финансии Чен Деминг, на форумот за соработка меѓу Кина и Африка што се одржува во Египет. Претходно Кина се обврза да и додели 10 милијарди долари заем на Африка во наредните три години. За време на форумот кинеските делегации имаа состаноци со претставници од 50 африкански држави.