Карзаи вети битка против корупцијата

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вети дека во новата државна администрација нема да има место за корумпирани личности. Карзаи оцени дека државите донатори имаат дел од одговорноста за корупцијата во Авганистан поради лошиот систем за менаџирање на проектите.