Вонредна состојба во Салвадор, поради невремето

Во Салвадор е воведена вонредна состојба поради големите поплави и лизгање на земјиштето, во кои досега загинаа 124 луѓе, а илјадници останаа без своите домови. Во земјата помина ураганот Ида, кој сега се движи во Мексичкиот Залив, со ветришта од 170 километри на час.