Се заоструваат односите меѓу Колумбија и Венецуела

Властите во Колумбија соопштија дека ќе испратат протестна нота до Обединетиоте Нации откако Претседателот на Венецуела Хуго Чавез рече дека венецуелската војска се подготвува за можен оружен конфликт. Претседателот на Колумбија Алваро Урибе рече дека неговата земја „ги отфрла заканите за војна од Венецуела“.