Во Авганистан загинале 2-ца британски војници

Двајца британски војници денеска загинале во јужниот дел на Авганистан, со што бројот на британски војници кои досега загинале во Авганистан од почетокот на војната во 2001-та , се искачи на 232. Во соопштенето на Министерството за одбрана се вели дека војниците загинале во одвоени напади во провинцијата Хелманд. Минатата недела 5 британски војници загинаа исто така во Хелманд.