Оскрвнавена Синагога во Дрезден

По ѕидовите на Синагогата во германскиот град Дрезден биле нацртани кукасти крстови и други нацистички симболи, соопштиле денеска од тамошната полиција. Од полицијата изјавиле дека немаат осомничени и дека сеуште го истражуваат настанот. Скрвнавењето на синагогата која се наоѓа во центарот на Дрезден се случува на ден пред одбележувањето на 71 годишнина од „Кристалната ноќ“, ноќта кога биле прогонети евреите во 1938-та. Тогаш биле убиени 70 евреи , повеќе од 200 синагоги биле уништени, а близу 30 илјади луѓе биле одведени во концентрациони логори.