Иран ги бара ветените руски ракети

Иранскиот пратеник Аледин Борудзерди, одговорен за национална безбедност и надворешна политика, денеска ја предупредил Русија дека одлагањето на испораката на противавионски ракети за Техеран, може да ги загрози односите меѓу двете земји, јавува иранската државна телевизија. Русија во 2007-та се обврза да испорачува ракети за Иран, но оттогаш ниту една ракета не е испорачана, ниту пак некој дал објаснување за тоа. Тогаш САД и Израел се спротивставија на одлуката за испорака на ракетите, затоа што сметаа дека на тој начин ќе се зајакне иранската противвоздушна одбрана.