Нови 20 заболени од свински грип во Македонија

Кај 20 луѓе биле потврдени позитивни резултати на новиот тип на вирус Х1Н1 во последните 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство. Министерството денеска одржало работна средба на која биле донесени препораки за понатамошна заштита на населението од свински грип. Се препорачува да се избегнуваат масовни собири , а амбулантите треба да ги ограничат посетите на болни луѓе.