Ахтисари:Кој сака во ЕУ мора да го признае Косово

Поранешниот европски преговарач за статусот на Косово, Марти Ахтисари за шпанскиот весник „Мундо“ изјавил дека сите земји кои сакаат да бидат членки на ЕУ мора да го признаат Косово, а тоа особено важи за Балканските земји. Според пишувањето на весникот, Ахтисари кој се смета за творец на независно Косово, е задоволен од своето дело и негодува што Шпанија и Грција сеуште не ја признале независноста на Косово. Ахтисари изјавил дека случајот со Косово е единствен и Шпанците не треба да стравуваат дека ќе им се случи и на нив.