Талибанците одговорни за нападот во Пешевар

Талибанците ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во пакистанскиот град Пешевар, во кој денеска загинаа 12 луѓе меѓу кои и градоначалникот на Пешевар. Човекот кој се јавил да ја преземе одговорноста изјавил дека нападот бил насочен против градоначалникот кој се борел против милитантите. Талибанците презедоа серија напади со цел да ја натераат владата да се откаже од офанзивата против упориштата на Талибанците во Јужен Вазиристан