Бомбашки напад во Пакистан, 10 мртви

Најмалку 10 луѓе загинале денеска во самоубиствен бомбашки напад во пакистанскиот град, Пешевар, јавува агенцијата Асошиетед прес. Според агенцијата цел на нападот бил градоначалникот на областа Адази, Абдул Амлик, кој исто така е меѓу загинатите. Ова е последниот од низата напади на милитантите во Пакистан, како одмазда против офанзивата на властите во Јужен Вазиристан.