Кинескиот премиер Јиабао во посета на Африка

Кинескиот премиер Вен Јиабао ќе се сретне денеска со лидерите на африканските држави за да разговараат за кинески вложувања во Африка. Во пресрет на форумот на Кина и Африка ,кој треба да се одржи во египетскиот град Шарм Ел-Шеик, кинескиот премиер негираше дека Кина развива врски во Африка само за да обезбеди пристап до африканската нафта и други суровини, кои ќе и обезбедат економска моќ на Кина. Кинескиот премиер изјавил дека тие се заинтересирани да помогнат за развивање на технологијата, инфраструктурата и човечките ресурси во Африка. Кина минатата година во Африка инвестирала повеќе од 7,8 милијарди долари