Парламентарниот спикер Вељановски во посета на Тарчуловски

Претседателот на македонското Собраниe, Трајко Вељаноски, денеска на враќање од Соединетите држави , ќе го посети Јохан Тарчуловски во Хаг, соопштија од Кабинетот на Вељановски. Јохан Тарчуловски е единствениот македонски државјанин кој е осуден на 12 години затвор за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година.