ОН немаат доволно храна за Сомалија

На Обединетите Нации им недостасува храна за милиони гладни луѓе од Сомалија. Како една од причините од Светската програма за храна на ОН, ја наведуваат и тоа што Соединетите држави ја откажуваат својата помош и повеќе не праќаат свои претставници бидејќи се исплашени дека можат да бидат пресретнати од милитанти . Почнувајќи од минатиот месец, Светската програма за храна на ОН мораше да го намали дотурот на храна во некои оддалечени провинции на Сомалија. И од американскиот Стејт департмент се загрижени дека помошта може да заврши во рацете на бунтовниците , но негираат дека ќе ја укинат помошта. САД обезбедуваат околу половина од вкупната помош во храна за Сомалија