Во Чеченија, убиени двајца милитанти

Најмалку двајца милитанти биле убиени во источниот дел на Чеченија, соопштил портпаролот на тамошното министерство за внатрешни работи. Тој изјавил дека во акцијата која ја предводел лично претседателот Рамзан Кадиров, биле убиени осомничените милитанти бидејќи не сакале да се предадат. Властите во Чеченија сеуште се справуваат со насилството на чеченските сепаратистички бунтовници .