Во Турција 23 луѓе починале од свински грип

Во Турција, досега од новиот тип на вирус починале 23 луѓе, соопштиле од турското Министерство за здравство. Првиот смртен случај од свински грип во Турција беше регистриран на 24 октомври. Во понеделникот во Турција започна кампања за вакцинирање против вирусот, приоритет имаат медицинскиот персонал и луѓето кои планираат да патуваат на аџилак во Мека.