Иран бара нови опции за збогатување на ураниум

Високиот ирански претставник, Алаедин Борујерди, денеска изјавил дека Иран разгледува и нови опции за збогатување на ураниум , надвор од предложениот план на ОН за надминување на кризата за нукларната програна на Техеран. Тој изјавил дека , Иран не сака да дава дел од збогатениот ураниум. Надзорното тело за нуклеарна програма на ОН, се уште чека на официјален одговор од Техеран за нивната понуда за збогатување на ураниумот. Според предлогот, Иран треба да праќа ниско збогатен ураниум на доработка во Русија и Франција , за понатамошните потреби на Техеран, со што ќе се намали стравот на Западните сили дека Иран ќе го употребува ураниумот за нуклерано оружје.