Како да се одржи глобалното економско опоравување?

Министрите за финансии и Гувернерите на централните банки на Г-20, групата 20 најразвиени и земјите во развој, денеска во шкотскиот град Сент Ендрјуз ке разговараат за начините на одржување на глобалната економска обнова и споделување на трошоците за борбата против климатските промени. Се очекува расправа за тоа колку владите треба да продолжат да трошат за стимулација за да се обезбеди дека остатокот од светот е во состојба да ги следат Соединетите Држави, Јапонија, Германија и Франција кои излегуваат од рецесија. Министрите на дводневниот самит исто така разговараат за тоа како да се поделат трошоците меѓу богатите и сиромашните земји во борбата против климатските промени во пресрет на декемврискиот самит за климатски промени во Копенхаген, каде што треба да се постигне договор за нова спогодба по договорот од Кјото. Во Г-20 се вклучени Кина, Русија, Бразил, Турција, Соединетите Држави и Европската унија.