Цената на нафтата падна за речиси 3 насто

Цената на нафтата падна за речиси три проценти по соопштението на американската влада дека невработеноста достигна 10,2 насто што е највисоко ниво во изминативе 26 години. Цената за декемвриската испорака е помала 2,19 долари за барел и во петокот на њујоршката берза се продаваше за 77,43 долари.Аналитичарите велат дека стапката на невработеност го покренува прашањето за одржливоста на економското закрепнување на Соединетите Држави што е поврзано со побарувачката на гориво во земјата која е најголем светски потрошувач на енергија.