Епидемија на грипот во Бугарија

Бугарското Министерство за Здравство прогласи епидемија на новиот грип на целата територија на државата.
Овој чекор на бугарското Министерство следеше по проценките дека има 210 заболени на десет илјади жители.
Прогласувањето епидемија е проследено со серија рестриктивни мерки во здравствените установи.
Сите основни училишта во Софија ќе бидат затворени од 9 до 15 ноември, додека високообразовните институции се автономни и секоја од нив ќе одлучува за евентуалното затворање. Во Бугарија досега имаше 6 жртви на новиот вирус.