Невработеноста во САД од 10,2 насто е предупредување, изјави Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека новите податоци за невработеноста во Соединетите Држави, која достигна 10,2 насто, се предупредување за економските предизвици со кои се соочува економијата. Во обраќањето во Белата Куќа, Обама оцени дека стапката на невработеност е показател дека уште не е целосно надмината кризата.