Уште двајца американци загинаа во Авганистан

НАТО соопшти дека уште двајца американци загинале во Авганистан од експлозија на мина на патот. Истовремено, Алијансата објави дека е започната потрага по двајва војници кои се водат како изчезнати во западен Авганистан. Претставник на талибанците изјавил за Ројтерс дека ги имаат телата на двајца странски војници, убиени во западниот дел на земјата.