Италија и Казахстан договорија енергетско партнерство

Италијанската енергетска групација ЕНИ и државната компанија за енергија на Казахстан потпишаа договор за партнерство, во присуство на премиерот Силвио Берлускони и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев. Според договорот, во неколку проекти ќе бидат инвестирани меѓу 40 и 50 милијарди долари.