Меморандум за разбирање со Австрија

Македонија, Србија и Црна Гора денеска во Виена ќе потпишат Меморандум за разбирање со Австрија. Целта на овој Меморандум е да им се помогне на земјите од Балканот да ги исполнат стандардите во областите на безбедноста на патните исправи, илегалната миграција и јавниот ред и безбедност.