Во Хондурас се продлабочува кризата

Лидерот на Хондурас Роберто Мичелети изјави дека ќе формира влада на национално единство без соборениот претседател Мануел Зелаја. Тоа би можело уште повеќе да ја продлабочи политичката криза. Мичелети и Зелаја се договорија во минатата недела да формираат заедничка влада, но Зелаја подоцна одби да номинира министри и побара претходно тој да биде вратен на функцијата претседател на Хондурас.