Енциклопедијата повлечена, редакцијата разрешена

Вонредното Собрание на МАНУ по речиси четиричасовно заседавање одлучи во целост да ја повлече од употреба првата Македонска енциклопедија. Разрешена е редакцијата која ја изработи и ќе се формира нов главен тим, кој ќе изработи нова верзија на Македонската енциклопедија. Новата редакција треба да биде формирана во рок од еден месец во процедура што ја предвидува статутот и интерните акти на Академијата, а во нејзиниот состав ќе бидат вклучени водечки научници од сите подрачја на науката и од редот на немнозинските заедници. Ќе бидат формирани компетентни редакциски тимови кои опсежно ќе ги разгледаат пристигнатите забелешки на одредниците кои од првиот момент се појавија како спорни. Академик Блаже Ристовски, главниот редактор на првата национална енцикопедија, изјави оти смета дека со ваквата одлука политиката навлегла во МАНУ.