Во напад во воена база во Тексас 12 загинати

Американската војска соопшти дека дванаесет војници загинале а триесет биле ранети во напад во армиската база во Тексас. Еден од напаѓачите бил убиен а другите двајца се приведени. Убиениот е идентификуван како мајор Малик Надал Хасан. Претседателот на Соединетите Држави Барак Обама го нарече овој настан страшен излив на насилство.