Рен не ја исклучува можноста за визна либерализација пред нова година

Еврокомесарот за проширување Оли Рен не ја исклучил можноста визната либерализација меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан да стапи во сила пред почетокот на следната година. Советот на ЕУ и земјите-членки треба да одлучат кога точно либерализацијата ќе стапи во сила. Но наближува Божик, а околу Божик расположението е празнично, изјавил тој по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.