Судот во Азербејџан осуди 26 милитанти

Судот во Азербејџан денеска осудил 26 луѓе за тероризам и вмешаност во нападите врз џамија при што загинаа најмалку две лица. Осудените добиле казна затвор од 2 до 15 години. Тие се осудени за организирање на нападот на најголемата џамија во земјата во главниот град Баку, во август годинава, во време кога џамијата била полна со верници.