Медведев го поздравил брзото апсење на осомничените

Рускиот претседател Дмитри Медведев го поздравил апсењето на две осомничени лица за убиствата на активистот за човекови права и новинарот извршени во јануари оваа година. Станислав Маркелов и Анастасија Бабурова од опозициската Новаја Газета беа убиени среде бел ден во центарот на Москва во серијата убиства на активисти за човекови права и новинари во Русија. Многу од случаите остануваат нерешени. Медведев изјавил дека е добро тоа што осомничените биле уапсени за така кратко време.