Шефот на Талибанците ги предупредил своите борци

Водачот на пакистанските Талибанци, Хакимулах Мехсуд, ги предупредил своите борци дека кукавиците ќе одат во пеколот. Месхуд изјавил дека неговите борци мора строго да ги следат неговите наредби и неможат да го напуштат бојното поле без дозвола од командантот. Пакистански сили започнаа офанзива во средината на октомври против Талибанците во Јужен Вазиристан.