Хашкиот Трибунал му наметна адвокат на Караџиќ

Советот на судии при Хашкиот Трибунал одлучил да му наметне адвокат на обвинетиот Радован Караџиќ, јавуваат светските агенции. Според нив судењето на Караџиќ е одложено за март 2010-та година. На Караџик му се суди за геноцид и воени злосторства направени за време на војната во БиХ, од 1992 до 1995-та година. Поранешниот лидер на босанските срби, кој се бранеше сам го бојкотираше почетокот на судењето со образложение дека не е подготвен.