Русија предлага затварање на меѓународните преставништва во БиХ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, од Сараево денеска изјавил дека канцелариите на меѓународните претставници во БиХ, треба да бидат трансформирани или затворени за да може да им се даде на локалните власти повеќе авторитет при донесувањето на одлуките. Со затворањето на кaнцелариите не значи дека меѓународниите преставници ќе го напуштат Сарево, но нема да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјавил Лавров.