Протест на авганистанците поради цивилни жртви

Најмалку 9 цивили загинале, вклучувајќи жени и деца, при воздушните напади во авганистанската јужна провинција Хелманд, изјавиле очевидци. Жителите од погодената област, протестирале покажувајќи ги телата на убиените велејќи дека тоа се тела на цивили кои работеле таму. Но авганистанските власти велат дека сите што загинале се милитанти. Од НАТО досега не дале коментар за настанот. Цивилните жртви се главен извор за напнати односи меѓу жителите на Авганистани и силите предводени од НАТО и САД.