Двајца притворени за јануарските убиства во Москва

Руските медиуми јавија дека се притворени две лица во врска со убиствата на активистот за човекови права и новинарот извршени во јануари оваа година. Станислав Маркелов и Анастасија Бабурова од опозициската Новаја Газета беа убиени среде бел ден во центарот на Москва во серијата убиства на активисти за човекови права и новинари во Русија. Многу од случаите остануваат нерешени.