Кушнер - САД не се консултираат со Европа за Авганистан

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер ја повика Европа да ја кординира политиката кон Авганистан и да не го чека Вашингтон да ги направи сите одлуки. Тој на брифинг во Париз се пожалил дека САД прават нова стратегија за војната во Авганистан без консултации со европските сојузници.