Парламентарниот спикер Вељановски во Вашингтон

Претседателот на Македонското Собрание Трајко Вељаноски во Вашингтон имаше средба со сенаторот Џорџ Воиновиќ и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолд. Сенаторот Воиновиќ ја охрабрил македонската делегација во истрајност при изнаоѓање на прифатливо решение за спорот со името со Грција, со што би се отстранила единствената пречка во процесот за влез на Република Македонија во евро-атланските институции. Конгресмените Саудер, Мичел и Адерхолт искажале целосна поддршка на евро-атланското интегрирање на Македонија.