САД загрижени за насилието врз демонстрантите во Техеран

Белата куќа изрази загриженост за насилното запирање на анти-владините протести во Иран. Безбедносни сили вчера грубо се пресметаа со демонстрантите во Техеран, кои ја одбележуваа 30-годишнината од превземањето на американската амбасадата Претходно, Претседателот Барак Обама изјави дека сака односите меѓу Соединетите Држави и Иран да се одвиваат без недоверба и конфронтација.