Прогноза за времето- променливо со локален дожд

Времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Наместа ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот можен е слаб дожд. Утринската температура е околу шест, а дневната ќе достигне до 13 степени.