Судот во Италија осуди 23-ца поранешни агенти на ЦИА

Италијанскиот суд денеска ги осуди дваесет и тројцата поранешни агенти на ЦИА, за киднапирање на мулимански свештеник од улиците на Милано .Осудените добија по осум години затвор. Ова судење е прво од ваков вид , досега ниту една влада не осудила агенти на ЦИА, кои учествувале во програмата за пренос на осомничени луѓе на распит од една во друга земја. На осомничените им се судеше во отсуство Тие се осудени бидејќи го киднапирале Мустафа Осама Хасан Наср на 17 февруари 2003, од Милано,а потоа го пренеле во американските бази во Италија и Германија. Тој беше ослободен по четири години затвор, без да биде обвинет.