ММФ и додели кредит на Србија

Меѓународниот монетарен фонд и додели 4 милијарди долари кредит на Србија, во замена за пакет економски реформи , изјави шефот на ММФ Алберт Џегер. Заемот е наменет за зајакнување на економијата. Кредитот доаѓа , откако премиерот на Србија Мирко Цветковиќ, предложи да се замрзнат платите на јавниот сектор, пензиите и да се намали одредницата за пензиско и инвалидско осигурување.