Хрватска и Словенија го потпишаа арбитражниот договор

Премиерите на Словенија и на Хрватска, Барот Пахор и Јадранка Косор, денеска во Стокхолм го потпишаа договорот за арбиртажа на границите, јавува Ројтерс. Шведска која претседава со ЕУ ги повика премиерите да го потпишат договорот во Стокхолм. Договорот сега треба да биде ратификуван од парламентите на двете земји. Словенија која е членка на ЕУ минатиот декември го блокираше влезот на Хрватска во Унијата поради нерешените прашања за границата. Во септември владите на двете држави се договорија да најдат решение, за да може Хрватска да продолжи со евроинтеграциите.