Берлин: Одлуката на ГМ за непродавање на Опел е неприфатлива

Германскиот министер за економија Рајнер Брудерле оцени дека одлуката на Џенерал Моторс за непродавање на Опел е целосно неприфатлива, а вработените во Опел веќе најавија штрајк. Претходно американски Џенерал Моторс ги откажа плановите да ја продаде својата европска фабрика Опел. Во изненадувачкото соопштение издадено синоќа Џенерал Моторс најави дека ќе го продолжи реструктуирањето на комапнијата наместо мнозинскиот дел на акциите да им го продаде на канадската фирма Магна и на нејзиниот руски партнер Сбербанк. Ваквата одлука Џенерал Моторс ја образложи со подобрата бизнис клима за компанијата во изминативе неколку месеци. Германската влада вети дека ќе и обезбеди на Магна 4 ипол милијарди евра кредит затоа што канадската компанија имала најдобра понуда за иднината на 25.000 работници на Опел во Германија.