Хилари Клинтон во посета на Египет

Државната секретарка на САД Хилари Клинтон денеска во Каиро треба да се сретне со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Таа се обидува да го заживее блискоисточниот мировен процес. Во изминатите четири дена Клинтон разговараше со израелските, палестинските и со арапските лидери во регионот. Аналитичарите сметаат дека изјавите на Клинтон покажуваат оти администрацијата на Обама веќе не ги поддржува барањата на Палестинците за стопирање на израелските доселенички населби.