Соседите на Украина исплашени од ширење на грипот

Русија и Словачка денеска ги заострија мерките на границите со Украина, поради страв од ширење на новиот грип. Украинскиот премиер Јулија Тимошенко изјави денеска дека бројот на жртвите од грип се искачи на 71. Светската здравствена организација која вчера испрати свој тим во Киев, изјави дека превземените мерки на претпазливост се разумни. Украинската влада нареди во местата каде има најмногу заболени да се затворат сите кафеани, кина , театрии и луѓето да носат заштитини маски за да се избегне ширењето на грипот. Од СЗО велат дека досега има потврда дека еден човек починал од новиот свински грип.