Клус го потпиша Лисабонскиот Договор

Чешкиот претседател Вацлав Клус го потпиша Лисабонскиот Договор. Клаус иако го потпишал Договорот сепак ја критикувал одлуката на Уставниот суд. Тој изјавил дека судот не одлучувал како суд и дека пресудата е пристрасна. Клаус оценил дека со стапување на Лисабонскиот Договор на сила ,Чешка ќе престане да биде суверена држава. Претходно Уставниот суд на Чешка реши дека Лисабонскиот договор е во согласност со Уставот на земјата со што одговори на жалбата на групата сенатори кои беа против договорот. Чешка е последната од 27 те земји на Европската Унија која го одобри договорот за реформи и поедноставување на процесот на одлучување во Унијата