Иран нема да прифати дијалог определен од САД

Врховниот лидер на шиитските муслимани во Иран , Али Хаменеи денеска изјавил дека САД се навистина арогантна сила и дека Иран нема да биде излажан од нивното однесување. Хаменеи за државното радио изјавил дека Иран ќе го отфрли секој дијалог што е однапред определен од страна на Вашингтотн. Претседателот на САД , Барак Обама изјавил дека е подготвен директно да се спогоди со Иран. Вашингтон ги залади дипломатските односи со Техеран по исламската револуција од 1979 година, кога радикалните студенти ја запоседнаа американската амбасада во Техеран и притоа зедоа 52 Американски заложници. Иран утре одблежува 30 годишнина од тој настан.