Утре потпишување на словенечко - хрватската арбитражна спогодба

Словенечкиот премиер Борут Пахор најави дека утре во Шведска треба да се потпише арбитражна спогодба со Хрватска.
Во изјавата за словенечката телевизија Пахор синоќа изјави дека спогодбата треба да се потпише без изјава од Хрватска за непрејудицирање на границата. Пахор претходно изјави дека Хрватска има суверено право во постапката за ратификација на спогодбата да донесе и изјава која може да има само политичко, а не и правно значење, и не може да влијае врз содржината, односно суштината на спогодбата за арбитража. Пратениците во хрватскиот Сабор пак вчера и дадоа согласност на хрватската Влада за потпишување на спогодбата за арбитража меѓу Хрватска и Словенија и изјавата за непрејудицирање на границата.