Карзаи ќе прави влада со сите авганистанци

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска вети дека ќе формира влада во која ќе ги вклучи сите Авганистанци. Тој на прес конференција во Кабул порача дека ќе ја искорени корупцијата во Авганистан. Карзаи го освои вториот мандат на функцијата, откако против кандидатот Абдула Абдула, се повлече од втората рунда поради сомневања за правичноста на изборниот процес. Вчера Американскиот Претседател Барак Обама му го честита на Хамид Карзаи вториот мандат и го повика да се заложи повеќе во борбата против корупцијата.